-->
-->
Во Уганда прогласена епидемија на ебола
-->
Во Уганда е прогласена епидемија на вирусот ебола, соопштија денеска Министерството за здравство и Светската здравствена организација (СЗО).
Министерството на Твитер објави дека е потврден случај на ебола во централниот округ Мубенде. Подоцна починал и 24-годишен маж со симптоми на ебола.
Канцеларијата на СЗО во Африка соопшти дека станува збор за релативно редок судански вид на ебола, откако здравствените власти во Уганда истражија шест сомнителни смртни случаи во истата област овој месец.
– Во моментов има осум сомнителни случаи кои добиваат нега во здравствена установа, соопшти СЗО Африка, додавајќи дека им помага на здравствените власти во Уганда во нивната истрага и распоредување на персонал во погодената област.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Влада: Исплаќаме 1 милијарда денари за заостанати субвенции од претходната влада
-
Напаѓачот на Трамп се криел во грмушките 12 часа пред да биде фатен
-
Мета ги забрани руските државни медиуми на своите платформи
-
Уапсен Пи Диди во Њујорк - Обвинет за трговија со луѓе
-
Ограбена спортска обложувалница во Влае
-
Дел од Аеродром и Центар денеска без вода
-
Во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на демократијата - 15 Септември
-
Фон дер Лајен треба да го претстави новиот состав на Еврокомисијата