Во Турција уапсени стотина лица поврзани со Фетулах Ѓулен
Турската полиција уапси стотина лица осомничени дека се финансиски поврзани со имамот Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во САД.
Акцијата на полицијата, која е фокусирана на Истанбул, била извршена во девет реони и завршила со апсење на 88 лица, а издадени се 140 потерници.
Меѓу уапсените се и раководители и службеници во „Ајша банка“, која е основана од приврзаници на имамот, а која минатата година беше запленета како јавно добро. Истрагата е фокусирана на финансиска поддршка на групата на Ѓулен, која се проценува на околу 17 милиони долари.
Ердоган го обвинува својот ривал дека сака да создаде „паралелна држава“ и да ја собори Владата, благодарејќи на својата мрежа приврзаници инфилтрирани во судството, полицијата и медиумите.
Турски суд во 2014 година издаде потерница против Ѓулен, кој живее во САД од 1999 година и е обвинет од турските власти дека управува со криминална организација.
Ново на Сител
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување
-
Пожари на истокот
-
Димовски: Немало организирано следење на Мицкоски
-
Пуштена во употреба делницата Климештани - Охрид, долга 17 километри
-
Предизборни партиски ветувања за подобар живот во општините
-
Пропадна уште една акција за рушење на дивоградби во Кочани
-
Летово во Дојран повеќе транзит туристи отколку домашни
-
Црквите говорат за нашето наследство