-->
-->
Во Турција издадени налози за апсење на 42 новинари
-->
Турските власти денеска издадоа налози за апсење на 42 новинари, објави телевискиот канал НТВ, што претставува последен случај за пресметка, по неуспешниот обид за воен преврат во земјата.
Според информациите на НТВ, познатата коментаторка и поранешна пратеничка во турскиот Парламент, Назли Илиџак се наоѓа на списокот со новинари, за кои е издаден налог за апсење.
Турските власти уапсија и водат истрага за повеќе од 60.000 војници, полицајци, судии, образовен кадар, државни службеници и други, по неуспешниот обид за пуч и за кои постои сомнеж дека се приврзаници на исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ