Во Турција досега уапсени шест илјади лица поради обидот за воен преврат
Шест илјади лица се уапсени во Турција досега во врска во неуспешниопт обид за воен преврат, а се очекуваат и нови апсења, изјави министерот за правда Бекир Боздаг.
- Во моментов прочиствувањето продолжува. Досега има шест илјади уапсени. Бројката ќе биде поголема од шест илјади. Правниот процес во врска со овој случај ќе продолжи, рече Боздаг.
Во меѓувреме турскиот вицепремиер Мехмет Шимшек упати порака до инвеститорите да не стравуваат по обидот за пуч.
Тој на Твитер денеска објави дека Владата ја држи под контрола ситуацијата и оти донела одлука за сите неопходнио мерки, откако се консултирала со Централната банка и со државната каса.
Министерот не прецизираше точно за кои мерки станува збор.
Тој нагласи дека макроекономските показатели во земјата се стабилни и додаде дека подоцна ќе се одржи телеконференција со меѓународните инвеститори.
Ново на Сител
-
Розов пикник појадок за поддршка на жените со рак на дојка
-
Заедничка балканска промоција
-
Технолошки парк „N99“ почетокот на една нова ера
-
Земјоделието и младите
-
Преглед на вестите од светот
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци, Могила и Битола
-
Предизборен карван на СДСМ во Дебарца, Вевчани, Струга и Охрид
-
Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар