Во три случаи на три грчки острови спасени над 170 бегалци и мигранти
Во три одвоени случаи на грчките острови Тилос, Родос и Гавдос, крајбрежната служба на Грција открила и спасила вкупно 177 мигранти, јави дописничката на МИА од Атина.
Крајбрежната служба на островот Тилос, била информирана од полициската станица дека во конкретна, тешко проодна област постои група мигранти, по што веднаш на терен излегле два патролни чамци, еден патролен брод и голем брод на службата, што успеал да стигне до местото и да спаси 106 лица, меѓу кои 37 се деца.
Сите биле во добра здравствена состојба и пренесни на пристаништето на островот.
Паралелно недалеку од Тилос, северно од соседниот остров Родос, во морскиот дел меѓу турското и грчкото крајбрежје утрово биле спасени 26 бегалци и мигранти и пренесени на пристаништето на Родос.
Третиот случај е јужно од малиот остров Гавдос во близина на Крит, каде што утрово биле спасени 42 лица со чамец и префрлени на островот.
Ново на Сител
-
Ќе се подобрат ли условите во болницата во Бардовци по фаталната тепачка?
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МНР без предлог за амбасадор во Атина, во моментов 24 амбасадорски места се празни
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да даде оставка
-
СДСМ: Младите спасот го гледаат надвор
-
Формално образование и за децата кои се на подолго болничко лекување – повеќе нема да губат настава
-
364 лица во 13 градови во државата се обучуваат да станат пожарникари
-
Преглед на вестите од светот