Во Тирана одржан најмасовниот протест против "Зврнец", учествуваа 250 илјади демонстранти

Во Тирана синоќа одржан е 21. протест против проектот “Зврнец”, кој беше и најмасовен ваков собир, на кој учествуваа и Албанци од соседните земји, како и од дијаспората – западноевропските земји и САД.
Според слободна процена на протестот учествувале околу 250 илјади граѓани, повторувајќи ги барањата за оставка на премиерот Еди Рама, стопирање на проектот во Зврнец и Сазан, поништување на законот од 2024 година со кој се дозволува градба во заштитени подрачја, и оној за прогласување стратешки инвеститори.
Откако најпрво се собраа на плоштадот Скендербег, демонстрантите маршираа кон зградата на владата, каде повеќе граѓани зборуваа пред насобрана толпа.
-Дијаспората дојде затоа што влегува во сопствениот двор. Заедно ќе излеземе како победници од овој плоштад и ќе ја изградиме оваа земја, изјави еден од демонстрантите.
По повеќе од два часа говори, тие го започнаа маршот, околу владата, низ градот и познатиот објект “Пирамида”.
Мал број од нив ноќта ја минаа пред владата, порачувајќи му на премиерот Рама и на опозицискиот лидер Сали Бериша ” да заминат од политичката сцена”.
Предупредија на радикализација на протестите.
МИА
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
