Во Тетово се одржа првиот дел од младинскиот филмски фестивал „Џифони он тур“

Со проекција на италијанскиот филм „Девојка во лет“ и холандскиот филм „Малиот гангстер“, како и со емитување видео спотови, денеска во средното општинско училиште „Моша Пијаде“ во Тетово се одржа првиод дел од младинскиот филмски фестивал „Џифони он тур“ (Giffoni on tour).
На проекциите присуствуваа ученици од четири средни училишта во градот гимназиите „Кирил Пејчиновиќ“ и „7 Март“, средното економско училиште „8 Септември“ и средното општинско училиште „Моша Пијаде“.
Според директорот на фестивалот Дарко Башевски, филмскиот фестивал „Џифони“ веќе пет години се одржува во Македонија, но досега проекциите и другите активности се одржуваа во октомври во Скопје, а од годинава ќе бидат посетени повеќе градови во државата.
- „Џифони“ е италијански бренд и еден од најголемите филмски фестивали за деца и млади во светот. Нашата прошетка низ повеќе гардови во Македонија како и во Тетово има за цел запознавање на младите со филмската култура а во рамките на фестивалот ќе има и дебати на кои тие ќе имаат можност да ги претстават своите способности за зборување на јавни настапи, рече Башевски.
Додаде дека утре ќе се одржат и работилници - за актерство што ќе ја држи Висар Вишка и за фотографија на Роберт Јанкуловски.
- Најдобрите 10 млади од цела Македонија кои ќе се истакнат со своите елоквентни настапи на дебатите и познавањето на англискиот јазик ќе имаат можност да учествуваат следната година на „Џифони филм фестивал“ во Италија каде им се пружа можност да се дружат со своите врсници од над 50 земји, но и да се видат во живо и да ручаат или вечераат со големи филмски ѕвезди како што имало во минатите години меѓу кои Николас Кејџ, Ричард Гир, Ема Адамс и така натаму, рече Башевски.
Џифони од Тур во Тетово е подржан од Џифони Македонија, агенцијата за филм на Македонија, општина Тетово и амбасадата на Италија во земјава.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде украсено како што треба да биде и како што заслужуваат нашите граѓани
-

Атлетико Мадрид доби нови сопственици
-

Во украинската корупциска афера вмешан и соработник на Зеленски
-

Роналдо: СП2026 ќе биде мое последно, а ќе играм уште година, две
-

Лавров: Русија ќе тестира нуклеарно оружје, ако и другите нуклеарни сили вршат нуклеарни проби
-

На секои 10 следбеници собира една ќеса ѓубре | Филип Ѓорѓиев „Ќеса на 10“ | Sitel Podcast 123
-

Претседател на Чешка: Еднаш ќе мора да собориме некој руски авион
-

Алиу за случајот со почината пациентка: ДСЗИ е веќе на терен, денеска ќе потпишам да се формира стручната комисија
