Во Тетово одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа
Во организација на Сојузот на борци од Тетово и Армијата денеска пред споменикот на револуцијата беше одбележан 9-ти мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Пред споменикот беше оддадена почит на загинатите во Народноослободителната и антифашистичка војна и другите македонски херои со едноминутно молчење и положување букети цвеќиња.
Дел од одбележувањето беше читање на пригоден реферат изработен од професорот по историја Љубиша Марковиќ, во кој се потенцираше дека светот денес одбележува јубилејни 80 години од победата над фашизмот.
- Осум децении поминаа од денот кога човештвото извојува крвава, но величествена победа над мрачните сили на злото, омразата и насилството. Се сеќаваме на милионите жртви, на храбрите војници на сите фронтови на невиното постраданите цивили, на сите оние кои го дадоа својот живот за слободата и за иднината на човештвото. Нашата Македонија даде значаен придонес во антифашистичката борба. Илјадници храбри македонски партизани се бореа рамо до рамо со другите народи на Југославија, покажувајќи непокор и решителност во борбата против окупаторот. Тие ја вградија својата храброст и своите животи во темелите на слободна и независна Македонија, се вели во рефератот.
Во делот посветен на Денот на Европа во рефератот беше посочена значајноста Декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во 1950 година што се смета за важен чекор во настанувањето на Европската Унија.
На настанот присуствуваа и положија цвеќе пред споменикот делегации на Сојузот на борци, АРМ, МВР, Шумска полиција, Општина Тетово, Музеј на тетовски крај, претставници на дел од политичките партии, здруженија на граѓани и организации и ученици.
Ново на Сител
-
Вработена во основно училиште пријавила дека била нападната од ученик
-
Жената која беше пријавена за исчезната, пронајдена почината
-
Федерер за последниот натпревар: Му кажав работи на Ѓоковиќ кои го разнежнија
-
Пакистан подготвен за мир ако Индија ги запре воените дејства, вели министерот Дар
-
Макрон во Киев: Подготвени сме да помогнеме ако има прекин на огнот од 30 дена
-
Тошковски за пожарот во Кочани: Во моментов се сослушуваат сведоци коишто се поврзани со кривичниот настан
-
Токсичен облак кај Барселона: Властите апелираат граѓаните да не излегуваат надвор
-
Трамп потпиша извршна наредба за почеток на програма за самодепортација