Македонија
18. August 2015 - 13:52

Во Tетово одбележан Денот на АРМ

Со воена свеченост денеска во касарната „Кузман Јосифоски Питу“ во Тетово беше одбележан 18 Август - Денот на Армијата на Република Македонија.

Командантот на тетовскиот гарнизон потполковник Атанас Пановски потсети дека корените на АРМ се протегаат длабоко низ македонската историја.

- Досегашните достигнувања на АРМ се нераскинливо поврзани со стремежите и делата на нашите претходници и великани од пред и по илинденскиот период, патриотите од АСНОM и многубројната армија што ја ослободи земјата во Втората светска војна како силен сојузник на големата антифашистичка коалиција рече потполковник Пановски.

Според него покрај учеството на Армијата во меѓународни воени вежби и мировни мисии, неизоставен дел од АРМ се и ангажирањата во справување со природните непогоди во земјава.

- Природните непогоди ндонесоа многу непријатности уште од почетокот на годинава. Пожртвуваноста на припадниците на АРМ и нивното ангажирање во отстранувањето на последиците на поплавитево пелагонискиот, штипскиот, радовишкиот, кумановскиот, кривопаланечкиот и последните во тетовскиот регион не останаа незабележаниод севкупната македонска јавност што е уште еден доказ дека АРМ секогаш е и ќе биде тука за заштита и помош на граѓаните и институциите на Македонија изјави полковник Пановски.

Во рамките на свеченоста беа соопштени наредби за унапредување на офицери и подофицери,  врачени награди и признанија на повеќе старешини и војници.

По завршувањето на официјалниот дел беше одржан и техничко тактички збор на кој беше претставен дел од  воената опрема и вооружувањето  со кои располага единицата во касарната во Тетово. На денешнатра свеченост во тетовската касарна на АРМ за првпат од својот избор на функцијата присуствуваше и градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи