Македонија
3. January 2024 - 10:24

Во Тетово ќе се организира Бадниковата поворка

Тетовско-гостиварската епархија информира дека година се планира да се одржи Бадникарска поворка во Тетово на Бадник, сабота 6 јануари.

Како и претходните неколку години поворката ќе тргне од тетовската соборен храм Кирил и Методиј во Тетово веднаш после завршувањето на Светата Божествена Литургија во 10 часот.

Учесниците ќе се движат кон плоштадот каде е предвидена празнична програма со пеење на божиќни песни.

-Еве и ова 2024 лето Господово, Господ не удостои, да им се приближиме на Божикните празници и да го прославиме раѓањето на Витлеемскиот Богомладенец Христос. Во таа насока, а држејќи се до веќе воспоставената традиција Ве известуваме сите православни христијани дека на 06.01.2024 година, со благослов на митрополитот Тетовско-гостиварски господин Јосиф, ќе се организира Бадниковата поворка. Ги повикуваме сите православни родители да ги донесат своите деца и на тој начин да искажеме почит и љубов кон Христос нашиот Господ. Да се обратиме со искрена молитва кон Богомладенецот и ние заедно со ангелите да ја пееме рождественската песна „Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја“, информираат од Тетовско-гостиварската епархија.

Во Тетово прв пат се одржа бадникова литија во 2017 година, а не се одржа во 2021 и 2022 поради пандемијата. Во 2023 година за прв пат после Бадниковата поворка имаше и масовна сенародна Бадникова прослава на тетовскиот плоштад.