Македонија
5. November 2024 - 12:16
Нема пензионерски домови
Југозападниот регион сеуште без Дом за стари лица . Во време кога иселувањето на младите е тренд, расте популацијата на стари лица кои имаат потреба од згрижување.Домот кој се гради во населбата Даљан според пензионерите нема да ги исполни очекувањата бидејќи ќе биде приватен и ретко кој ќе може да се смести во него.
За достоинствено, квалитетно и активно стареење , повозрасната популација се погласно бара дом за нивно згрижување.
Расте и бројот на стари лица, кои се оставени сами на себе, имаат потреба и од нега и помош во домот. Инаку Дом за стари лица е децениско барање во Охрид и Струга. Во целиот Југозападен регион нема ниту еден Дом за стари лица
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->