Во текот на ноќта беше задржано примирјето во Појасот Газа, Израел ги укинува безбедносните ограничувања
Примирјето меѓу Израел и Исламскиот џихад, што стапи на сила доцна синоќа, траеше во текот на ноќта, а израелската армија утринава објави дека ќе почне да ги укинува ограничувањата наметнати на жителите на областа во близина на границата на Појасот Газа.
Благодарение на посредништвото на Египет, прекинот на огнот стави крај на тридневното насилство во кое загинаа десетици Палестинци.
Сите патишта на југот на Израел, што беа затворени неколку дена поради страв од напад, ќе се отворат и од жителите повеќе нема да се бара да бидат во близина на заштитеното подрачје, а возовите повторно ќе сообраќаат, јавуваат израелските медиуми.
По безбедносната проценка се отвораат и граничните премини меѓу Израел и Појасот Газа за хуманитарна помош, пренесе Бета.
Доколку ситуацијата, како што посочува одделот на израелското Министерство за одбрана задолжен за односите со Палестинците, остане мирна, ќе се разгледува целосно отворање на преминот.
Прекинот на огнот стапи на сила во 23:30 часот по локално време (22:30 часот по средноевропско време).
Ново на Сител
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка