Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа, откажана и прес-конференцијата
Белата куќа соопшти дека прес-конференцијата на американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Владимир Зеленски е откажана.
Извор од Белата куќа потврди дека украинскиот претседател Володимир Зеленски предвреме ја напуштил Белата куќа. Информацијата доаѓа по жестоката расправија меѓу Трамп и Зеленски пред новинарите во Овалната соба.
Американскиот претседател Доналд Трамп напиша на социјалните мрежи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски може „да се врати кога ќе биде подготвен за мир“.
Претходно, пред да одат на состанокот зад затворени врати, следеше кавга пред камерите и новинарите во Овалната соба, бидејќи Трамп го обвини Зеленски дека е неблагодарен за американската помош и дека не сака да склучи мир со Русија.
-Неверојатно е она што произлегува од емоциите, и јас утврдив дека претседателот Зеленски не е подготвен за мир доколку Америка е вклучена, бидејќи тој чувствува дека нашата вклученост му дава голема предност во преговорите, напиша Трамп на „Truth Social“.
„Не сакам предност, сакам мир. Тој не ги почитуваше Соединетите Американски Држави во Овалната соба. Може да се врати кога ќе биде подготвен за мир“, додаде Трамп.
Ново на Сител
-
Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа, откажана и прес-конференцијата
-
Зеленски четири пати им се заблагодари на Трамп и на САД
-
Макрон по прекинатиот разговор Трамп-Зеленски: Има агресор, а тоа е Русија
-
Белата куќа: Договорот за минерали меѓу САД и Украина не е потпишан
-
Трамп до Зеленски: Ризикувате да започнете Трета светска војна
-
Тошковски: Затворот Скопје функционирал повеќе како туристичко-угостителско правно лице, отколку како затвор
-
Трамп го прогласува англискиот за службен јазик во САД
-
Физички нападнат 23-годишник од Илинден пред ноќен клуб