Во текот на јули во просек дневно регистрирани по околу 15 пожари на отворен простор, Ангелов со апел да не се палат огнови и скари во шуми

Во текот на јули, во просек дневно се регистрираа по околу 15 пожари на отворен простор. Благодарение на навремените интервенции на пожарникарите, како и поддршката од воздухопловните средства на Дирекцијата за заштита и спасување, сите пожари беа успешно ставени под контрола и изгаснати. Ова го соопшти денеска во изјава за медиумите директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Посочи дека врнежите во текот на изминатиот период придонеле за намалување на бројот на пожари и го успориле нивното ширење.
-Но, периодот со врнежи заврши. Високите температури, ниската влажност на воздухот и променливиот ветер создаваат услови за брзо настанување, ширење и тешко гаснење на пожарите на отворен простор. Доволна е само една искра. Најголемиот број пожари настануваат ненамерно. Граѓаните најчесто не сакаат да предизвикаат пожар, но едно невнимание може да доведе до сериозни последици - рече тој.
Ангелов апелира граѓаните да не фрлат отпушоци од цигари на отворен простор, особено од возила во движење и низа други апели.
- Не палете огнови и скари во шуми и на места со сува вегетација.
Исчистете ја сувата трева и грмушки околу вашите домови и викендички и направете заштитен појас.
Не палете стрништа и пасишта. Со тоа го загрозувате животот на луѓето и имотот, а сторителите ќе бидат санкционирани.
Внимавајте при користење алати кои создаваат искри, како брусилици и апарати за заварување.
Земјоделците да бидат внимателни при користење уреди за плашење птици кои можат да предизвикаат пожар - рече Ангелов.
Ги повика граѓаните секое сомнително однесување веднаш да го пријават во најблиската полициска станица или на бројот 112. Исто така, Ангелов ги повика граѓаните да пријават лица кои носат сомнителни течности, факели, големи петарди или други предмети и активности што можат да предизвикаат пожар.
- Во услови на екстремно високи температури, потребна е максимална внимателност. Една искра може да предизвика голема трагедија! Сите кои ќе предизвикаат пожар треба да завршат во затвор! Аларм! Тревога! Ве молам бидете внимателни! Доволна е искра за страшна трагедија! - рече директорот на ДЗС, Ангелов.
МИА
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
