Во тек градежни активности за изградба на населбата Хиподром 2

Градоначалниците на Град Скопје и на општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски денеска направија увид во градежните активности за изградба на патна и комунална инфраструктура во населбата Хиподром 2.
Во оваа населба, според Деталниот урбанистички план, планирано е да бидат изградени околу 300 нови куќи и 12 згради. Досега се продадени 75 парцели.
Во тек е изведбата на примарната инфраструктура за водовод од околу 800 метри, атмосферска канализација од околу 1,2 километри и фекална канализација од околу 1 километар.
По изградбата на комуналната инфраструктура планирано е асфалтирање и тротоари на улицата „Никола Киров Мајски" и улицата „5".
Во првата фаза за изградба на инфраструктурата потрошени се 15 милиони денари, а за оваа фаза според проектот се предвидени околу 28 ипол милиони денари, од кои 60 проценти се од Буџетот на Град Скопје, а 40 проценти од Буџетот на општина Гази Баба.
Во следниот период ќе се работи и на расчистување на земјиштето, кое се наоѓа во државна сопственост за кое општината ќе направи објави за отуѓување на државно земјиште по што граѓаните ќе можат да почнат со изградба на сопствени домови за живеење.
Ново на Сител
-

Едно лице следено, нападнато и ограбено спроти трговски центар во Скопје
-

МОМ алармира: Војната во Украина предизвика станбена криза без преседан
-

Во Скопје од денеска стапува во сила забраната за фрлање смет од 22:00 до 06:00 часот
-

Продолжува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
-

Премиерот Мицкоски со градоначалникот Ѓорѓиевски во вечерна обиколка на Скопје
-

Трамп за досиејата Епстин: Немаме што да криеме, време е да се стави крај на измамата на демократите
-

Седумдесет години од основањето на Бирото за развој на образованието
-

Началникот на Генералштабот, Лафчиски на Координативната конференција на командантите на јужното крило на НАТО
