Во тек градежни активности за изградба на населбата Хиподром 2

Градоначалниците на Град Скопје и на општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски денеска направија увид во градежните активности за изградба на патна и комунална инфраструктура во населбата Хиподром 2.
Во оваа населба, според Деталниот урбанистички план, планирано е да бидат изградени околу 300 нови куќи и 12 згради. Досега се продадени 75 парцели.
Во тек е изведбата на примарната инфраструктура за водовод од околу 800 метри, атмосферска канализација од околу 1,2 километри и фекална канализација од околу 1 километар.
По изградбата на комуналната инфраструктура планирано е асфалтирање и тротоари на улицата „Никола Киров Мајски" и улицата „5".
Во првата фаза за изградба на инфраструктурата потрошени се 15 милиони денари, а за оваа фаза според проектот се предвидени околу 28 ипол милиони денари, од кои 60 проценти се од Буџетот на Град Скопје, а 40 проценти од Буџетот на општина Гази Баба.
Во следниот период ќе се работи и на расчистување на земјиштето, кое се наоѓа во државна сопственост за кое општината ќе направи објави за отуѓување на државно земјиште по што граѓаните ќе можат да почнат со изградба на сопствени домови за живеење.
Ново на Сител
-

Новиот закон за ДДВ на пратки до 22 евра нема да ги удри по џеб граѓаните туку шпедитерите
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Алиу: Кај 10 пациенти без потреба направени кардиохируршки операции
-

Мицкоски уверува во стабилна коалиција, ВРЕДИ најавува зголемување на мнозинството
-

Почна собраниската расправа за буџетот 2026
-

Судиите со писмо до Мицкоски: Премината е границата на добро однесување
-

Град Скопје забрани домаќинствата и фирмите да фрлаат ѓубре од 22 навечер до 6 наутро
-

Преглед на вестите од светот
