Во Техеран уапсени 450 демонстранти
Во протестите во иранскиот главен град Техеран во последниве три дена се уапсени околу 450 лица, соопшти денеска претставник на локалните власти.
- Двеста луѓе беа уапсени во саботата, 150 во неделата и околу стотина во понеделникот, информираше заменик градоначалникот на Техеран, Али Асгар Насербахт.
Протестите во Техеран се помали во споредба со оние во другите делови на земјата, честопати со само неколку стотици демонстранти.
Според Насербахт, во главниот град се распоредени само редовните полициски сили.
Командант на иранската Револуционерна гарда Есмаил Косари изјави дека неговата единица во Техеран нема да дозволи нарушување на безбедноста и дека доколку протестите продолжат, ќе се преземат мерки за да им се стави крај.
Во меѓу време, како што јави МИА, претседателот на иранскиот Револуционерен суд, Муса Газанфарабади изјави дека уапсените демонстранти би можеле да бидат осудени дури и на смртна казна.
- Очигледно едно од обвиненијата за кои би моеле да бидат осомничени е Мохаребех (војна против Алах), изјави Газанфарабади.
За сторителите на кривичното дело Мохаребех иранските закони предвидуваат и смртна казна.
Револуционерниот суд е задолжен за случаи кои се поврзани со дела за антидржавни активнсоти и обиди за уривање на владата.
Протестите во Иран почнаа во четвртокот во градот Масшад, како демонстрации против влошување на животниот стандард, поскапувањето и корупцијата, но веќе во наредните денови се проширија низ повеќе градови и прераснаа во антивладини протести.
Според последните податоци, само синоќа за време на протестите ширум Иран загинале девет лица, со што бројот на убиени од почетокот на демонстрациите се искачи на 21.
Ново на Сител
-
Германскиот канцелар го осудува „агресивното однесување“ на Русија во Полска
-
Русија ја обвини Полска за „ширење митови“ околу упадот на дронови
-
Трамп го коментира нарушувањето на полскиот воздушен простор
-
Европарламентот ги осуди „обидите на Русија за дестабилизација на Молдавија“
-
Пратеничките групи во ЕП со противречни оценки за обраќањето на Фон дер Лајен
-
Приведени две лица од струшко, при претрес во нивните домови пронајдена е дрога | ФОТО
-
Уапсени тројца дилери во Скопје, пронајдена марихуана
-
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор