Во свлечиштата во Кина исчезнаа 32 лица
Најмалку 32 лица се водат за исчезнати во свлечиштата што се појавија во неколку села на југоистокот од Кина, откако над нив мина тајфунот Меги.
Се уште е во тек спасувачката операција во селото Сукун, во кинеската провинција Жеѓанг, јужно од Шангај, а агенцијата Ксинхуа јавува дека во оваа област се спасени 15 лица, додека се уште се трага по 26 лица.
Како исчезнати се водат уште шест лица од селото Баофенг, во источната провинција, на кои свлечиштето им ја однело куќата.
Свлечиштата се предизвикани од тајфунот Меги, што во средата се „спушти“ врз југоисточниот дел од Кина, а беше проследен со обилни врнежи и силен ветар.
Во Кина и Тајван од тајфунот починаа најмалку пет лица, а откажани се стотици летови и затворени се мноштво училишта, пренесуваат американските медиуми.
Ново на Сител
-
ЈКП „Водовод“ – Кочани се „дави“ во долгови, а нема ниту директор
-
Преглед на вестите од светот
-
Христијани го празнуваат Велики петок, денот на Христовото распнување
-
Охрид подготвен за туристите за Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани