Во Струмица одбележана годишнината од загинувањето на Гоце Делчев
Пред споменикот на Гоце Делчев во Струмица со пригодна програма и полагање цвеќе беше одбележана 115 годишнината од неговото загинување.
За животот и делото на апостолот на македонското револуционерно движење зборуваше градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски.
- Долг е списокот од револуционерни имиња и презимиња кои ја задолжиле татковината со своето дело, но се чини дека името на Гоце Делчев го заслужи самиот врв. Неговата кратка, но исклучително богата животна патека, е исполнета со бројни револуционерни стории, кои оставиле неизбришливи траги во македонското минато, за да имаат и свои рефлексии и во македонската сегашност. Токму затоа, животот и делото на Гоце Делчев треба да бидат сочувани во нашата колективна меморија и да се пренесуваат од колено на колено, на сите идни генерации кои ќе се родат на ова наше македонско тло, рече градоначалникот Јаневски.
Рецитатори од Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица рецитираа револуционерна поезија, а цвеќе пред споменикот на Делчев положија претставници на локалната самоуправа, институции, политичи партии и граѓани.
Ново на Сител
-
Еколошка акција за чистење на дното на Охридско Езеро
-
Активисти за студентски права од Западен Балкан на форум во Скопје
-
„Кликни безбедно“ прв хакатон за креирање иновативни решенија од средношколци
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за партиски цели злоупотребуа локални институции
-
Преглед на вестите од светот
-
30 дневен притвор за петмина осомничени во убиството во Штип
-
Индија против Пакистан - Каков е односот на силите?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски координатор на пратеничка група СДСМ