Во Стопанската комора интернационална обука за македонските менаџери
Стопанската комора на Македонија во соработка со Институтот за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора (WIFI), денеска почна со обука на првата група менаџери, согласно тренинг-програмата на тема „Го - интернешнал - тренинг за вашата лидерска иднина“.
Како што соопшти Комората, тренинг-програмата се спроведува согласно меѓународно призната методологија што ја користат врвни компании. За време на тренингот се разработуваат модулите: Корпоративни финансии и финансиско известување, Управување со резултати во меѓународните активности и Менаџмент на човечки ресурси и мотивациско лидерство. Методологијата се заснова на индивидуален пристап во текот на обуката, развивање упатства и насоки за потребите на секој учесник индивидуално, фокусирана на практични примери, дискусии и анализи на специфични студии на случај за време на работилниците.
Првата група која ја следи оваа обука е составена од менаџери од десетина успешни македонски компании од прехранбената, фармацевската и графичката индустрија, информатичката технологија и трговијата. Програмата овозможува надградување на личните вештини, но и вештини потребни за водење бизнис и потребниот ноу-хау за основање и развој на сопствениот бизнис со високо ниво на квалитет.
Целта на обуката е на учесниците да им се пренесат знаења како да профитираат на пазарот во услови исполнети со предизвици кои произлегуваат од недостаток на време, знаења, искуства, финансии, стручен кадар и други ресурси. Преку ангажирањето на лиценцирани странски експерти со повеќегодишно искуство, акцентот се дава на пренесување на искуствата како на најефикасен начин да се искористат стратегиските парнерства со цел компаниите да обезбедат повеќе можности, да го развијат својот бизнис и да ги имплементираат иновативните стратегии, како алатки за нивен иден раст и развој.
Програмата предвидува девет дена обука со три поединечни модули, секој во времетраење од три дена, кои ќе се реализираат во текот на мај и јуни 2016 година и по кои следува тестирање. Учесниците кои ќе положат согласно правилата, ќе стекнат меѓународно признат сертификат и можност за тридневен престој и учество на деловните средби со компании од нивен интерес, организирани во соработка со Австриската федерална комора во Виена.
Според Стопанската комора, WIFI е лидер во образование и обука, овозможува пренос на ноу-хау и ангажира странски експерти со долгогодишно искуство во светот на бизнисот.
Ново на Сител
-
Милановиќ: Македонија не смее да биде жртва на уцени за членство во ЕУ
-
Мицкоски: Не смееме да заборавиме – криминалците се шетаа слободно, денеска законот важи за сите
-
„Најголема енергетска инвестиција во последните 10 години“ - Почнува изградбата на интерконекторот со Грција
-
Таравари со една нога надвор од Владата
-
СДСМ обвинува за корупциски скандал во Куманово, ЗНАМ демантира
-
Намалување на апетитот за проширување на ЕУ
-
Дали со лажни потврди за примени вакцини во Бугарија родители сакаат да ги запишаат децата во училиште?
-
500 ученици во хуманитарна трка