Во Стокхолм ќе се одржи нов круг разговори меѓу САД и Кина за трговскиот спор околу царините
Американскиот секретар за финансии Скот Бесент и високи кинески претставници денеска и утре во Стокхолм ќе одржат нови разговори во врска со спорот околу царините.
Главна цел на преговорите е продолжување на тековната пауза на царините, која е во сила до 12 август.
Кинеската делегација се очекува да ја предводи вицепремиерот Хе Лифенг.
Од април, САД во неколку фази ги зголемија увозните царини за кинески производи до 145 отсто, на што Кина одговори со контрацарини до 125 отсто и ограничувања на извозот на одредени материјали. Во мај, двете страни во Женева се договорија за 90-дневна суспензија на царините, а дополнителни разговори се одржаа во јуни во Лондон.
Двете страни се соочуваат и со други економски предизвици. Кина ги критикува американските ограничувања на извозот на напредни полуспроводници и чипови за вештачка интелигенција, сметајќи дека тие го попречуваат пристапот на кинеските компании до врвни технологии, додека САД ја обвинуваат Кина за ограничување на извозот на клучни суровини.
МИА
Ново на Сител
-
Голема полициска акција во Србија против криминалци на повеќе од 30 локации низ државата
-
Прекин во водоснабдувањето за корисниците на неколку улици во Скопје
-
Промоција на Водич за декарбонизација за мали и средни претпријатија во земјава
-
Трамп за самитот со Путин: Не сакам да имам залуден состанок
-
Без струја повеќе делови од Скопје
-
Русија го нападна Киев со балистички проектили
-
Силен земјотрес во Костарика
-
Загина припадник на српска падобранска единица при вежби во Ниш