Во стампедо на погребот на претседателот на Танзанија загинале 45 луѓе
Полицијата на Танзанија соопшти денеска дека во стампедото на 21 март, во текот на погребот на претседателот на државата загинале 45 луѓе.
До стампедото дошло кога илјадници ожалостени граѓани се обиделе да влезат на стадионот во Дар Ес Салам, за да се простат од својот поранешен водач, кој почина одненадеж на 17 март.
„Имаше многу луше кои сакаа да влезат на стадионот, а некои беа нестрпливи. Се обидоа да влезат на сила и дојде до стампедо, при што загинаа 45 лица“, рече командантот на регионалната полиција Лазаро Мамбосаса за АФП. ДОдаде дека петмина починати биле од исто семејство.
Порано беше соопштено дека на стадионот биле прегазени жена и четири деца.
Џон Магуфули почина на возраст од 61 година. Потпретседалтеката на земјата рече дека починал од срцеви проблеми во болница во Дар ес Салам.
Тој беше еден од најголемите скептици во однос на корона вирусот, а во јавноста не беше виден од 27 февруари, по што се шпекулираше дека се заразил со Ковид-19. Надлежните на 12 март рекоа дека не е болен и дека продолжува со работа.
Покојниот претседател ги осудуваше мерките против корона вирусот и вакцините ги нарекуваше западен заговор.
На почетокот на пандемијата тој ги повика граѓаните со молитва да ја избркаат болеста.
Поворката со неговото тело поминуваше низ поголемите градови на Танзанија, како Дар ес Салам, Додома и Занзибар, по што на 26 март тоа е положено во гроб во селото Чато, на северозападот на земјата.
Ново на Сител
-
До крајов на неделава нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи
-
Потпишан договорот за изградба на гасниот интерконектор со Грција
-
Македонија не смее да биде жртва на изнудување на членство во ЕУ
-
Се скарале во сообраќај па извадил нож и го избодел, уапсен 61-годишен гостиварец
-
Струмичанец со нож нападнал полицајци кои му кажале дека ќе му го одземат возилото
-
Дедо (80) од Македонија ограбен во Белград, отишол на договорено запознавање со девојка
-
Намалување на трошоците на животот е забележано во групите Разновидни стоки и услуги за 0.7 %
-
Сиљановска Давкова: Копенхагенските критериуми ќе не направат стандардна европска држава, ветото не е пријателски инструмент