Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија

Проект за популаризација на воената професија денеска почнал во средните училишта во Скопје, Велес, Охрид, Валандово, Тетово и Прилеп. Претставници од Министерството за одбрана и Воената академија, заедно со професионални војници, подофицери и офицери од Армијата, ги информирале средношколците за можностите кои ги нуди воената професија.
Како што соопшти Министерството за одбрана, на информативните предавања младите имале можност да се запознаат со условите за прием на служба во Армијата и со можностите за личен и професионален напредок кои се дел од воената професија.
- Целта на проектот е зголемување на интересот на младите за воената професија, а со тоа и зголемување на интересот на огласите за професионални војници и питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, што е од особена важност при селектирање на различни профили на кадри, се наведува во соопштението.
Министерството за одбрана информира дека наскоро ќе објави оглас за прием на 300 професионални војници, на кој ќе може да се пријават сите млади македонски граѓани.
- Со овој потег најавен од министерот Мисајловски ќе се зголеми борбената готовност на Армијата, додека истовремено таа ќе се подмлади со млади и мотивирани граѓани чија задача ќе биде безбедноста на татковината, соопшти Министерството.
Популаризацијата на воената професија низ средните училишта ќе се реализира во период од февруари до април 2025 година и ќе опфати 99 средни училишта низ државата.
Проектот денеска ги опфатил средното училиште „Илинден“ и гимназијата „Никола Карев“ во Скопје, „Димитрија Чуповски“ во Велес, „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид, „Гоце Делчев“ во Валандово, „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, „Кузман Јосифовски Питу“ и „Мирче Ацев“ во Прилеп.
Ново на Сител
-

Евтината струја преку ден останува како досега од 13 до 15 часот, ако се продолжи ќе се скрати ноќната
-

Тема на денот со Адем Чучуљ, претседател на ДКСК
-

Пакетот законски измени неопходни за Safe City испратени до Собранието
-

СДСМ со антикорупциски тим на партијата ќе ги открива скандалите на ВМРО- ДПМНЕ
-

Груевски и Заев се скараа преку социјалните мрежи
-

Избори на пролет или во 2028-ма?
-

Радев: Впишувањето на Бугарите во Уставот на Македонија ќе го забрза нејзиниот пат кон ЕУ
-

Раст на економијата од 3,8% во 3 квартал регистрира статистиката
