Во Србија уште шест нови случаи на заразени со новиот коронавирус, вкупно 89
Во Србија денес до 18 часот регистрирани се вкупно 89 потврдени случаи на заразени со коронавирус, објави Министерството за здравство на сајтот „Ковид 19.рс“.
Од последниот извештај до денес во 18 часот, тестирани се примероци на 19 лица, од кои шест се позитивни и 13 се негативни за новиот коронавирус.
Три лица со полесна клиничка слика се наоѓаат во домашна изолација, додека три лица се задржани во болница, без компликации и со стабилна општа состојба.
До 18 часот, во националната референтна лабораторија на Институтот Торлак во Белград, вкупно се тестирани 440 лица кои ги исполниле критериумите за дефинирање на случајот.
Во Србија веќе три дена на сила е вонредна состојба, а од вечерва во 20 часот во Србија започнува и полицијскиот час, кој ќе трае до 05 часот наутро, со кој на граѓаните им се забранува излегување од домовите и движењето во овој временски интевал.
Од утринава, во 10 часот започна и забраната за движење на постарите лица од 65 години во градовите и 70 години во селата.
Ново на Сител
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата
-
Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче