Во Србија се отвораат терасите на кафеаните, трговските центри остануваат затворени
Како дел од олеснувањето на мерките за борба против пандемијата, од денеска во Србија е дозволено отворање на терасите на угостителски објекти, а работното време на услужните објекти е од 6 до 22 часот.
Епидемиолошките мерки за терасите на угостителските објекти вклучуваат максимум пет лица на иста маса, со задолжително растојание од два метра меѓу масите и носење маски.
Музичките настапи во живо, сè уште се забранети во угостителските објекти и на терасите. Кафулињата и рестораните сè уште можат да продаваат храна и пијалоци по нарачка, без оглед дали имаат тераси, и тоа 24 часа дневно.
Трговските центри, како и угостителите без тераси, и натаму остануваат затворени.
Мерката со која сите објекти мора да обезбедат растојание од најмалку девет квадратни метри по лице или посетител останува во сила.
Исклучок се фитнес клубовите, бањите, спортските сали и слични објекти, каде што задолжителна мерка е 16 квадратни метри по лице.
Бројот на луѓе присутни во објектот вклучува и вработени.
Аптеки, бензински пумпи, лаборатории, операции и ветеринарни клиники можат да работат без некои посебни ограничувања, секој ден, како и порано.
Сите горенаведени мерки стапија на сила во 6 часот утринава.
Како што објави премиерката Ана Брнабиќ вчера, мерките биле „малку опуштени“ поради „доста добри“ епидемиолошки показатели за време на викендот.
-Денешните проценти на новозаразени се нешто подобри од претходните денови. Засега сè оди како што треба. Имаме добар тренд, тој полека паѓа, но паѓа , рече Брнабиќ.
Епидемиологот и член на Кризниот таб, Предраг Кон рече дека од денеска терасите на кафулињата и рестораните ќе можат да работат со 50% од капацитетот, а гостите ќе мора да носат маски.
Претходно, покраинскиот секретар за здравство, Зоран Гојковиќ, рече дека за евентуалното отворање на трговски центри ќе биде „последователно решено“.
-Никој не рече дека трговските центри ќе започнат со работа во среда. Постои можност да им биде дозволено да работат, но според строгите правила, дури и ако бројот на новозаболени лица се намали, рече Гојковиќ во петокот по седницата на Кризниот штаб.
Угостителските објекти во Србија се затворени од 16 март поради влошената епидемиолошка состојба.
Ново на Сител
-
Македонските одбојкари поразени од Грција
-
Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина
-
Индија зaпочнa вoнредна инспекција на сите Бoинг 787 по смртoнoснатa aвионскa несреќa
-
Израелски дрон предизвика пожар на најголемото гасно поле во Иран
-
Синер: По загубениот трофеј на Ролан Гарос, ги посетив моите родители и играв пинг-понг со пријателите
-
Голем пожар во Дубаи: Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе
-
Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД
-
Двајца повредени македонски државјани во сообраќајна несреќа во Албанија