Во Србија регистрирани 44 нови случаи, три смртни случаи, вкупно заразени 785 лица и 16 починати
Во Србија во изминативе 24 часа дупло е зголемен бројот на тестирни лица и од 622 новотестирани, позитивни на коронавирусот се 44 лица, со што од 3084 тестирани вкупниот број на заразени со коронавирус се искачи на 785 лица, изјави на денешната владина прес конференција епидемиологот Предраг Кон.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Кон кажа дека денес се починати уште три лица, жена во КЦ Војводина во Нови Сад родена 1939 година, и две лица во болниците во Белград, родени 1948 и 1974 година, со што бројот на починати од оваа епидемија се искачи на 16 лица.
Според Кон, од 16 –те смртни случаи, 9 се мажи и 7 жени, со вкупна просечна старост од 66,7 години, а процент на смртноста изнесува 2,04.
Досега вкупно се хоспитализирани 540 пациенти, од кои 62 лица кои се водат како тешки случаеви и ставени се на респиратор, изјави на прес конференцијата Кон, кој додаде дека 33 позитивни лица со лесна клиничка слика од вчера почнале да се сместуваат и во привремената болница на Белградскиот саем.
-Опаѓа бројот на заболени во последните два дена, што не е лошо, но не смееме да се залажуваме, ова е многу краток период, кој сепак дава надеж, кажа Кон.
Досега во Србија вкупно се хоспитализирани 540 пациенти, 62 лица кои се водат како тешки случаеви ставени се на респиратор, изјави на прес конференцијата Кон.
Поради долгиот период на чекање на резултатите од тестирањата, некогаш и до 5 дена, и проблематишната валидност на дел од тестовие, на прес конференцијата беше кажано дека владиниот кризен штаб бара решение за овој проблем, со кое наскоро ќе излезе пред јавноста.
Kоронавирусот е регистриран во над 35 градови во Србија и според досегашните податоци најмногу заболени има во Белград-352 лица, Ниш има 59, Ваљево има 50 заразени граѓани, Чуприја 49, Крагуевац има 21 лица со потврден коронавирус, Крушевац има 20, Врање 16, Суботица 15, Чачак 12, а Кикинда, Ужице, Зајечар, Панчево и другите градови имаат помалку од 10 потврдени случаи.
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера на ТВ Прва најави дека доколку не се почитуваат владините мерки ќе воведе 24 часовна забрана за движење.
Од денес сите поголеми маркети и продовници го ускладија работното време согласно полицијскиот час и ќе работат од 07 до 15 часот во работните денови, а за викендите од 07 фо 13 часот.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево