Во Србија приведени 51 лице поради сомневања за перење пари
Српската полиција приведе 51 лице под сомнение за кривично дело – перење пари во акција спороведена во Ниш.
Сомневањата се дека групата, од 1 јануари 2017 година до 25 јуни 2021 година, пронаоѓала и ангажирала лица кои, по нивно барање, отворале претприемачки продавници на свое име, кои биле фиктивно ангажирани да посредуваат во транспортот со три американски компании, и за таа услуга, сопствениците на тие продавници од осомничените добивале месечна надомест од 700 до 1.000 долари.
Осомничените, како што се наведува, потоа правеле лажни фактури за услугите извршени кон американски компании, и ги уплатиле парите на сметките на приведените.
На тој начин се стекнале со противправна имотна корист во износ од 335.054.512 динари (околу 2,9 милиони евра)
Така добиените пари биле искористени во законските текови со набавка на земјоделско земјиште, недвижен имот, патнички возила и слично.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата