Во Србија од утре ќе работи се освен угостителските објекти и трговските центри
Српскиот владин Кризен штаб за заштита на здравјето на населението од заразната болест Ковид-19, вечерва предложи нови мерки за сузбивање на епидемијата, кои ќе важат од утре, 22 март 2021 година, од 6 часот наутро.
Сите објекти што ќе се отворат мора да обезбедат почитување на мерката од најмалку девет квадратни метри по лице или посетител. Исклучок се фитнес клубови, бањи, теретани и слично каде што мора да се обезбедат шеснаесет квадратни метри по лице. Ова значи дека ако продавница или, на пример, фризерски салон има 90 квадратни метри, во тој објект истовремено можат да останат максимум 10 лица. Истото правило важи и за теретаните – во рамките на фитнес центарите од 160 квадратни метри не може да престојуваат повеќе од 10 лица. Бројот на присутни лица во објектот вклучува вработени (фризер, продавач, фитнес инструктор).
Важна забелешка е дека на угостителските објекти им се дозволува шалтерска продажба на храна и пијалоци, како и дека доставата може да се врши 24 часа дневно. Хотелските ресторани и кафулињата можат да служат гости на хотелите само со регистриран престој до 21 часот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ние сме подготвени за разговори, со гаранции од ЕУ
-

Отворен базен во близина на „Партизан Карпош“
-

Прв џез фестивал во Струмица
-

Седум и пол години затвор за жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово
-

Охрид ја прослави европската титула на ГРК Охрид
-

Муртезани за Сител: Со Кошта ќе се разговара за планот за раст и Реформската агенда
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
