Во Србија од денес пријавување за парична помош од 60 евра за сите граѓани со постојан престој и лична карта
Во Србија од денес почна пријавувањето на полнолетните граѓани за финансиска помош од државата во износ од 60 евра во динарска противредност, јави допсиникот на МИА од Белград.
Пријавувањето за сите возрасни граѓани кои имаат важечка лична карта и регистриран престој во Србија се врши по електронски пат преку веб-страницата на Министерството за финансии и ќе трае до 15 мај. Од 5 мај, започнува и пријавувањето преку кол центар.
Првите 30 евра ќе бидат исплатени во мај, а другите 30 евра во ноември.
Невработените лица ќе добијат дополнителни 60 евра помош во јуни, а пензионерите 50 евра во септември.
Како и минатата година, граѓаните треба да ги остават своите податоци при регистрацијата и да изберат банка во која имаат сметка на која ќе им бидат исплатени парите или, доколку немаат отворена сметка во банка, таа наменски ќе биде отворена за исплата на помошта.
Министерот за финасии Синиша Мали изјави дека процесот на аплицирање ќе биде организиран како и минатата година, кога околу 6,2 милиони српски граѓани добија државна помош од 100 евра.
-Минатата година, кога беше пријавувањето за 100 евра, 3.900 лица се пријавија во првиот половина час, а сега на полноќ над 20.000 луѓе – што е за пет пати повеќе. Очекуваме до 12 часот да ја преминеме бројката од 500.000 пријавени, а првиот милион до крајот на денот, најави тој.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата