Во Србија од 1 септември основците до четврто одделение во училишта, другите ќе следат комбинирана настава

Српскиот владин кризен штаб за спаравување со новиот коронавирусот денеска донесе одлука најмладите ученици да одат на настава во училиштата, додека за постарите ученици ќе се изведува комбинирана настава, изјави заменик директорот на Институтот „Батут“, Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ.
Tаа објасни дека најмладите ученици ќе одат на училиште, почитувајќи ги сите мерки, меѓу кои се и принципите за намалување на физичката можност за пренесување на вирусот, што значи максимално намалување на бројот на ученици во едно одделение.
Според неа, во една училница ќе може да има до 15 ученици, кои ќе седат на растојание од најмалку 1,5 метри, а часовите ќе бидат скратени на 30 минути.
По седница на Кризниот штаб, Кисиќ-Тепачевиќ на новинарите им изјави дека се разгледани сите аспекти, како што се бројот на учениците во училиштата, возраста на децата и посебно внимание ќе се посвети на нешто што постојано ќе се следи, а тоа е моменталната епидемиолошка состојба.
Таа истакна дека во Србија сега има состојба кога мерките за превенција даваат ефекти и има поповолна епидемиолошка состојба.
Во согласност со тоа, беа донесени решенија за тоа како да организираме часови во следната учебна година. Направивме се за најмладите ученици колку што е можно повеќе да одат на часови во самото училиште. Ова е важно за нивното идно школување. За другите оделенија ќе имаме различни комбинации на изведување на часовите, објасни Кисиќ-Тепавчевиќ.
Таа потенцираше дека е важно сите мерки на превенција да се почитуваат за време на престојот во училиштето, со што ќе се намали ризикот на најмала можна мерка за пренесување на инфекцијата.
-Предвидено е целиот прв училишен ден во сите училишта да биде посветен на превенцијата, начинот на спроведување на превенцијата и важноста на превентивните мерки како нова форма на однесување што ќе направи безбеден престој во училиштата за децата, додаде таа.
Кисиќ-Тепавчевиќ наведе дека маската е превентивна мерка, која мора да се носи правилно, да се покријат носот и устата, без оглед на видот за кој станува збор, нешто со што ќе мора да живееме во наредниот период.
Таа посочи дека во училишната средина наставниците цело време ќе треба да носат маска и дека за децата ќе се дефинираат процедури кога е задолжително да носат маска и кога се препорачува маската да се одложи на одредено место, со тоа што учениците ќе мора да носат маски од влегување во училиштето до нивната клупа, која нема да ја менуваат.
-Се препорачува носење на маска за целиот период на престојот во училиштето, но можно е учениците да ја одложат кога ќе седат на клупи, иако и тогаш се препорачува да носат маска, додаде Кисиќ-Тепавчевиќ.
Таа изјави дека планот за едукација во врска со вирусот е разработен во изминатите недели и дека тој ќе биде објавен во последната недела од август.
Ново на Сител
-

Додик му се заблагодари на Трамп за укинување на санкциите кон него и неговите соработници
-

И во Реал Мадрид има незадоволни
-

Израел соопшти дека ќе го почитува примирјето во Газа по воздушните напади со над 100 жртви
-

САД ги укинаа санкциите против Додик
-

Трамп ги отпушти сите членови на Комисијата за ликовни уметности, која планираше да ги преиспита неговите градежни проекти
-

Германија: Над 22.000 граѓани го промениле родовиот идентитет по олеснувањето на законската процедура
-

Путин: Русија тестираше подводен дрон способен да носи нуклеарно оружје
-

Доживотно суспендирани ирачите на Беса што го тепаа голманот на ФК Аеродром
