Во Србија од 1 јули поскапуваат патарините за 12 отсто
Српската влада го прифатила барањето од „Патишта н Србија“ за зголемување на цените на патарината со што нови цени ќе стапат на сила од 1 јули.
Новиот ценовник ќе биде донесен по усвојувањето од страна на пратениците во Собранието на предлог на Владата. Според него, на Србија и недостасуваат годишно околу 100 милиони евра за одржување на патиштата, како и дека патарината во Србија е најевтина во Европа.
Според таа најава, возачите од Македонија кои патуваа од Прешево до Белград со автомобил, наместо досегашните 1090 динари, ќе плаќаат околу 1200 динари. На тоа треба да се додаде и новата патарина (од јули) кај новотврената делница низ Грдечичката клисура каде, како што претходно е највено, патарината ќе изнесува до 500 динари, што севкупно изнесува околу 14,5 евра.
Патарината ќе поскапи за 12 отсто и на делниците кон Суботица и унгарската граница (од Белград до Суботица за автомобили сега изнесува 560 динари) и кон Шид до хрватската граница (од Белград до Шид изнесува 370 динари).
Ново на Сител
-
Се чека одговорот на членовите на Судскиот совет
-
Еуроактив: Бугарија нема да попушти
-
Муцунски во посета на Австралија
-
СДСМ: Мицкоски потрошил 60.000 евра на социјални мрежи
-
Малолетниците кои кршат по паркови ќе работат општокорисна работа
-
54-годишен маж од Делчево загина при излетување од коловозот со мопед
-
Мртво бебе пронајдено во корпа за отпадоци во Подгорица, мајката е уапсена
-
ГОБ „8 Септември“ треба да остане добар „бекап“ за клинички центар, вели Таравари