Во Србија ќе се аплицира трета доза од вакцината против Ковид-19
Членката на српскиот Кризен штаб, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ најави дека од утре во Србија ќе почне да се аплицира трета доза против коронавирусот, пренесува Данас.рс.
Третата доза во главно ќе ја примат лицата кои биле вакцинирани пред шест месеци.
Покрај нив, таа наведе дека третата доза ќе ја примат граѓани со намален имунитет, кои се на хемодијализа, со трансплантирани органи, лица постари од 70 години. Исто така трета доза ќе им биде препорачана и на патниците во меѓународниот сообраќај, бидејќи според Кисиќ Тепавчевиќ, голем број луѓе од одмор се вратиле заразени со Ковид-19.
„Трета доза вакцина се препорачува и за вработените во здравствените институции, кои имаат должност и обврска да ја заштитат својата професионална околина и да спречат ширење на Ковид-19“ посочи Кисиќ Тепавчевиќ.
Ново на Сител
-
Дрво падна врз жена во Скопје | ВИДЕО
-
Полицаец го напуштил работното место па пукал во воздух
-
Мемов: ЗНАМ ги „отвора вратите“ за сите членови на СДСМ
-
Од силниот ветер падна дрво во близина на „Веро Џамбо“
-
По најавите за поројни дождови УХМР со апел за внимание во одредени региони и реони
-
МВР: Лажни се поканите до граѓани за наводна тековна истрага
-
Лажна закана за бомба на аеродромот во Приштина
-
Топ Билд: Асфалтната база во Визбегово промовира индустриски еколошки напредок