Во Србија досега вакцинирани над 19.000 лица, утре пристигнува кинеската вакцина Синофарм
![]()
Вакцинацијата на првите 1.000 граѓани постари од 75 години, кои доброволно се пријавија преку порталот Е-управа, денеска почна во десет здравствени домови во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.
-Секој што е вакциниран добива информатор, самата вакцинација не е болна, досега се вакцинирани над 19.000 луѓе, а ќе бидат 20.500, досега немаше никакви несакани ефекти,изјави државниот секретар во министерството за здравство, Мирсад Ѓерлек.
Според него, вакцинацијата на 175.000 лица кои досега се имаат онлине пријавено за вакцинација, утре ќе почне и во Суботица, Зрењанин, Сомбор, Нови Сад, Шабац, Лозница, Чачак, Крушевац, Крагуевац, Ниш.
По завршување на вакцинацијата на граѓаните постари од 75 години, ќе бидат вакцинирани оние од 64 до 74 години, кои ќе дојдат на ред во зависност од моменталната епидемиолошка состојба и бројот на вакцините на институтот „Торлак“.
Во Србија засега граѓаните се вакцинираат со вакцините на Фајзер и Спутник V.
Како што пишуваат медиумите, првите количества на кинеската вакцина за коронавирус од компанијата Синофарм во Србија ќе пристигнат утре.
Агенцијата за лекови и медицински помагала (АЛИМС) се уште нема издадено дозвола за употреба на кинеската вакцина, но се очекува таа да биде дадена.
Во недела со оваа вакцина може да започне имунизацијата на здравствените работници кои изјавија дека сакаат да ја примат оваа вакцина.
Ново на Сител
-

Топ-листа на десетте најдобри божиќни филмови на сите времиња
-

Мадуро пред судот во Њујорк: Јас сум киднапиран и сè уште сум претседател на Венецуела
-

Трамп ги предупреди Гренланд, Колумбија, Мексико, Куба и Иран
-

Алонсо: Гарсија е совршен пример за тоа што значи да се биде производ на академијата на Реал
-

Манчестер јунајтед го отпушти Аморим
-

Го истепал вработениот на патарината Петровец, па со aвтомобилот ја скршил рампата и го напуштил местото
-

Ѓорѓиевски: Нема компромис со загадувачите - изречени се казни до 53.000 евра
-

Мицкоски: Чекориме кон современо одржливо и европско управување со отпадот
