Во Србија четирицифрен број новозаразени со Ковид-19 за 24 часа
Србија, по постојаното зголемување на бројот на заразени лица во претходните денови, надмина 1.000 нови инфекции со коронавирусот, а здравствените власти, исто така, соопштија за шест смртни случаи. Официјалните лица предупредуваат дека веќе почна четвртиот бран на Ковид-19.
Србија последен пат имаше повеќе од илјада заразени дневно на 12 мај, кога беа регистрирани 1.046 случаи на инфекција, и оттогаш следеше тренд на намалување, што беше кон средината на јуни, со околу шеесет дневно.
Во изминатите 24 часа, шест лица починаа како резултат на инфекција со коронавирус во Србија, а меѓу 11.324 тестирани примероци, потврдени се 1.072 нови случаи на инфекција, соопшти Министерство за здравство на Србија. Во болница има 831 пациент, а 25 на респиратори.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
