Во сообраќајна несреќа загина популарен грчки рапер
Неколку часа по полноќ, во населба во јужниот дел на Атина, во сообраќајна несреќа загина популарниот, особено меѓу младите, 34-годишен грчки рапер Питер Анастасопулос, познат под уметничкото име Mad Clip, јави дописничката на МИА од Атина.
Несреќата се случила откако возилото што го управувал, најверојатно поради големата брзина, излетало од патот и удрило во бандера и дрво.
Ударот бил толку силен, што според грчките медиуми, противпожарната служба околу два часа се обидувала да го извлече телото од возилото.
Од противпожарната служба соопштија дека интервенирале 12 пожарникари до четири возила.
Според синоќешните објави на неговите официјални профили на социјалните мрежи, пред несреќата Mad Clip бил на свадба кај негов пријател и близок соработник.
Роден во 1987 година во Њујорк, Mad Clip во изминатите години беше еден од попопуларните рапери во Грција.
Ново на Сител
-
Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија
-
Трамп: Нуклеарното оружје е монструм што може да доведе до крај на светот
-
Поради сообраќајка на патот Ресен - Битола возилата се пренасочуваат по стариот пат
-
Израел ќе престане да испорачува струја за Појасот Газа
-
Во Албанија се очекува дијаспората да има влијание на изборите на 11 мај, за гласање регистрирани 246 илјади албански граѓани во странство
-
Мицкоски: „Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог
-
Се запалил автомобил на Бит Пазар, нема повредени
-
20-годишен скопјанец нападнат по недоразбирање во сообраќајот