-->
-->
Во сообраќајка во Непал 12 загинати и 21 повреден
-->
Преполно патничко комби возило удри во паркиран камион на автопат во јужен Непал, при што загинаа 12 лица, а 21 се повредени, соопштија властите.
Двајца од повредените се во критична состојба, додека состојбата на другите е стабилна.
Во тек е полициска истрага, а локалните медиуми известуваат дека комбето се движело со брзина поголема од дозволената на автопатот што минува низ џунглата, во близина на село на околу 400 километри југозападно од Катманду.
Поради карантинските мерки воведени како резултат на пандемијата на коронавирусот во март, возилата во Непал мора да добијат дозвола за движење.
Не е познато дали комбето кое удрило во камионот ја имало таа дозвола.
Возачите во Непал често возат ноќе за да избегнат да бидат запрени од полицијата.
Сообраќајните несреќи во Непал честопати се предизвикани од лошо одржување на патиштата и возилата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм
-
Финансиската полиција со кривични пријави од над една милијарда денари изминатата година