Во сообраќајка во Албанија загинаа двајца сириски имигранти, а осуммина се повредени

Во тешка сообраќајна несреќа во близина на албаскиот град Грамш животот го загубија двајца сириски државјани, додека осуммина се повредени.
Според полцијата сириските државјани нелегално влегле на албанска територија кај Корча, од каде жител на Тирана со комби возило требало да ги пренсе во северниот дел на земјата, од каде требало да продолжат кон некоја западноевропска земја.
„Возилото управувано од лицето М.Ѓ.(28) жител на Тирана, во кое биле сирските државјани излетало од патот и паднало во бездна.Животот на самото место го загубле двајца Сиријци, додека осуммина се повредени. Поради сериозноста на повредите петмина од повредени се транспортирани во Воената болница во Тирана,при што двајца од нив се во тешка состојба, стои во полициското соопштение.
Полициската статистика потврдува дека во изминатиот период од годинава,открен се над 300 имигранти од Сирија,Мароко,Ирак и Иран.
Сега рутата кон западноевропските земји ја менуваат па наместо преку Црна Гора,тоа го прават преку Косово.
Во Албанија лани биле откриени над 10.000 мигранти,што е за 50 отсто повеќе споредено со претходната година.
Ново на Сител
-

Македонската амбасада во Швајцарија отвори телефонска линија за трагичната несреќа во Кран - Монтана
-

Македонец исчезнат во пожарот во Швајцарија - семејството бара помош за пронаоѓање
-

Ново линеарно зголемување со мартовската пензија
-

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Ѓорѓиевски: Набргу ќе биде избран и објавен најдобро украсениот дом во Скопје
-

Обвинителство: Извршен увид на местото каде е убиен еден турски државјанин, а еден повреден
-

Пожар на Скопска Црна Гора
-

Утре променливо облачно со сончеви периоди
