Во сообраќајка во Албанија повредени четворица дебраниМакедонци

Четворица македонски државјани, жители на Дебар се повреди во сообраќајната несреќа што претпладнето се случила на делницата Булќиза-Ќафа е Буалит, која е дел од автопатот „Руга е Арбрит“, јави албанската агенција Балкан веб.
Според албанската полиција, на која се повикува агенцијата, четворицата дебрани патувале за Тирана со автомобил марка „цитроен“ со македонски регистарски таблички,кој излетал од патот кај месноста викана „Вајкал“.
- Првичните сознанија од увиот потврдуваат дека поради неприлагодената брзина со условите на патот, Н.В.(66) кој управувал со возилото изгубил контрола и излетал од коловозот, кој, во тој дел, има оштетувања од лизгање на земјиштето. Со повреди се здобиле возачот и тројцата патници во автомобилот, стои во соопштението од Полицискиот комесаријат од Пешкопеја.
Возачот и повредените М.Б, Р.К. по укажана прва медициска помош во болницата во Булќиза се пуштени на домашно лекување, додека сопатничката М.В. е транспортирана на понатамошно лекување во регионалната болница во Пешкопеја.
Ова е трета сообраќајна несреќа во Албанија овој месец во која учествува македонски државјани. Претходните две, едната на 27, а другата на 16 август се случија на патниот правец Либражд-Прењас, во близина на албанско-македонската граница, кај преминот „Ќафасан“. Во соообраќајките патниците се здобија само со лесни повреди.
Ново на Сител
-

ФФМ: ВАР проверката потврди офсајд, поништен гол на Башкими против Силекс
-

ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот е 20,50 отсто, споредено со првиот круг од изборите во 2025 излезноста поголема за 1,48 проценти
-

Изминатата вечер приведени 25 возачи, 12 возеле без положен возачки испит
-

„Њујорк тајмс“: САД предлагаат Европа повторно да купува руски гас како дел од мировниот план за Украина
-

Приведени двајца турски државјани, а едно лице е во бегство за убиство во обид
-

Венс: Потезите на американската администрација во економијата и кон Иран ќе донесат придобивки во иднина
-

Приведен 18 годишен кумановец, при претрес во неговиот дом пронајдено е оружје
-

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот
