-->
-->
Во сообраќајка тешко повреден 14-годишен мотоциклист
-->
На 31.07.2025 во 17:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека во с.Моноспитово, општина Босилово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 31-годишната Е.Г.В. од с.Моноспитово и мотоцикл со струмички регистарски ознаки, управуван од 14-годишен малолтеник од с.Муртино, струмичко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а со телесни повреди се здобила неговата 16-годишна сопатничка од с.Муртино, констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении