Во сообраќајка повредено девојче од Гостивар
Четиринаесетгодишна малолетничка од Гостивар се здобила со скршеница на десната потколеница и други повреди во сообраќајната несреќа, што ноќеска околу 2 часот и 30 минути се случила на крстосницата од улицата „Браќа Ѓиноски“ и кеј „Вардар“ во Гостивар.
Како што информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, сообраќајката се случила меѓу моторцикл, управуван од 16-годишен малолетник од Гостивар, на кој како совозач била гостиварката и автомобил „Форд Ескор“, што го управувал Р.С.(23), исто така од Гостиавр.
Притоа гостиварката се здобила со тешки телесни повреди, скршеница на десната потколеница и други повреди и со такси возило била префрлена во гостиварската болница, од каде по укажаната лекарска помош, поради карактерот на повредите била упатена на скопските клиники.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото од несреќата извршила екипа од полициската станица Гостивар и работи на утврдување на причините и се друго поврзано со сообраќајката.
- Според првичните податоци од увидот, причина за несреќата е алкохолизираност на возачот на моторциклот и негова неприлагодена брзина на условите на патот, рече Јосифовски.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска