Во сообраќајка кај патарината Отовица тешко повреден 60-годишен жител на велешко Богмила и префрлен на скопските клиники
Во сообраќајка на автопатот Велес-Скопје, кај патарината Отовица што се случила вчера попладне, тешко е повреден 60-годишен жител на велешкото село Богомила.
Шеесет годишниот С.Г возел кола кога нешто го удрило во сообраќаен знак. На лице место дошла екипа со возило на Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес која му укажала прва помош и итно го транспортирала во Хирушката амбуланта на велешката Општа болница.
Како што информира д-р Василка Пановска поп Стефанова, началник на Итна помош Велес, тој имал повреди на десен надлакт и лев колк и мала рана на чело и по укажаната прва помош бил итно однесен во Хирушката амбуланта на велешката Општа болница.
Како што информира за МИА д-р Весна Неделковска Николова портпарол на ЈЗУ Здраствен дом, повредениот имал тешки повреди на граден кош и по укажаната помош во велешката болница итно бил транспортиран во скопските клиники.
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција