Во сомнителниот пакет на базарот во Потсдам сепак немало експлозив
Полицијата на германската сојузна покраина Бранденбург вешерва соопшти дека во уништениот сомнителен пакет пронајден во близина на божиќниот базар во Потсдам, сепак немало експлозивна направа.
Во полициското соопштение се наведува дека во пакетот имало цилиндричен предмет со кабли, батерии и клинци, но не и експлозив,
Претходно, полицијата информираше дека по извршената проверка е утврдено дека сомнителниот пакет содржел експлозив, но потоа министерот за внатрешни работи на Бранденбург, Карл-Хајнц Шротер изјави дека „не е јасно“ дали тоа што е пронајдено е експлозивна направа.
Полицијата го евакуираше божиќниот базар и околната зона во Потсдам, по добиента информација околу 14.30 часот за откриен сомнителен пакет.
Пакетот бил доставен во аптека што се наоѓа во близина на базарот. Еден од вработените го примил пакетот и откако го отворил во него забележал „елементи на експлозивна направа“.
Нивото на опасност од потенцијални терористички напади во Германија е на висок степен, по минатогодишниот напад со камион на божиќниот панаѓур во Берлин.
Ново на Сител
-
Прв состанок на националниот консултативен механизам за Реформската агенда
-
Струмица со план против загадениот воздух
-
Преглед на вестите од светот
-
Фетаи: Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило
-
Мицкоски најавува промени во Владата
-
Тема на денот со Весна Мојсова-Чепишевска
-
Уште еден пратеник го напушти Таравари, Мицкоски најавува промени во Владата
-
Дали Македонија навистина ќе има бенефит од стратешкото партнерство со Велика Британија?