-->
-->
Во Софија отворена изложба „Мандала 2“ на Соња Чингарова Фотева
-->
Самостојната ликовна изложба „Мандала 2“ на Соња Чингарова Фотева вечерва беше отворена во Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија.
Публиката во Софија ќе може да погледне преку 18 дела од различни творечки циклуси создавани од 2007 до 2017 година.
Првото самостојно ликовно претставување на Соња Чингарова Фотева е дел од годишната програма на Центарот во Софија за 2017 година.
Организатори на изложбата се Музејот на Град Скопје и Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија. Изложбата ја отворија директорот на Центарот Васко Шутаров и кустосот советник Дора Андова-Фотева од Музејот на Град Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Над 26 милиони рецепти реализирани во 2024 – стануваме поболна нација или хипохондрици?
-
Во Македонија младите се помалку се едуцираат за семејните вредности
-
Преговори Русија-Украина, без Путин и Зеленски
-
80 годишнина од кодификацијата на македонскиот јазик
-
Македонија останува атрактивна за странците
-
Вработен сум додека студирам - дали ги губам студентските права?
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест на Кулакови против пресудата за Васил