Во Софија ќе бидат потпишани договори меѓу музеите на Македонија, Бугарија и Србија
Во Министерството за култура на Бугарија денеска ќе бидат потпишани договори за заеднички активности меѓу Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија на науките, Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија и Националниот музеј на Србија, јави дописникот на МИА. во Софија.
Музеите ќе ги претставуваат нивните директори. На настанот ќе присуствуваат министерот за култура на Бугарија, Велислав Минеков и амбасадорите на Северна Македонија и на Србија во Софија, Агнеза Руси Поповска и Желко Јовиќ.
Главна цел на договорите е спроведување заеднички проект меѓу трите национални институти со цел сукцесивно претставување на заедничка изложба во Скопје, Белград и Софија. Изложбата треба да ги прикаже материјалите и историјата на истражувањето на античката некропола, откриена во 1918 година кај Требениште кај северниот брег на Охридското Езеро за време на градежните активности на бугарските инженерски единици, а подоцна истражувана од бугарски, српски и македонски археолози во различни децении на 20-ти век.
Целта на изложбата и проектот не е само првпат по 100 години да се соберат репрезентативните наоди кои денес се чуваат во музеите во Скопје, Охрид, Софија и Белград, туку и да се покаже заедничката волја за соработка и пријателство меѓу трите земји.
Првата изложба се одржа во 2019 година во Скопје. Три години првата изложба, трите институтуции од Бугарија, Северна Македонија и Србија ги обновуваат напорите за целосно спроведување на проектот за трите соседни земји. Трите музеи ги здружуваат силите во име на пријателските односи меѓу нивните земји и стратешки важното партнерство во областа на културното и историското наследство и неговото научно истражување, зачувување и презентација.
Ново на Сител
-
Најмалку 18 жртви, меѓу кои три деца, во најновите напади во Газа
-
Возило излетало на патот Велес - Извор, две лица повредени
-
Хуманитарен пункт од утре во Скопје за настраданите семејства од пожарите
-
Ангелов: На пожарот во с. Брезница дејствува чешки хеликоптер „Блек хок“, од огнот не е зафатено ловиштето Јасен
-
Зеленски: Војната мора да заврши под украински услови
-
Тешка сообраќајна несреќа на патот Струмица-Радовиш
-
Од 42 пожари пет се активни, четири ставени под контрола
-
Полициска акција во Желино: Во ноќен клуб приведени странски државјани