Во Собранието работилница за борба против корупција
Во Собранието на Република Македонија денеска и утре ќе се одржи работилница за превенција и борба против корупцијата и препораки во однос на членовите на Собранието.
На работилниците интерактивно, преку дискусија и изнесување ставови и размислувања, како што соопшти собраниската прес-служба, ќе бидат опфатени препораките од Четвртиот круг на евалуација на ГРЕКО на тема „Превенција на корупцијата кај членовите на парламентот, судиите и обвинителите", судир на интереси, етички кодекс и други етички прашања за пратениците и лобирање врз носителите на законодавната власт.
За реализација на оваа активност е ангажиран Драго Кос, меѓународен експерт за антикорупција.
Државната комисија за спречување на корупцијата во партнерство со Сојузното биро за администрација на СР Германија, од јули 2014 година започна со реализација на двегодишниот ИПА Твининг проект „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата”.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата