Во Собранието работилница за борба против корупција
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи работилница за превенција и борба против корупцијата и препораки во однос на членовите на Собранието.
На работилницата интерактивно, преку дискусија и изнесување ставови и размислувања, како што соопшти собраниската прес-служба, ќе бидат опфатени препораките од Четвртиот круг на евалуација на ГРЕКО на тема „Превенција на корупцијата кај членовите на парламентот, судиите и обвинителите", судир на интереси, етички кодекс и други етички прашања за пратениците и лобирање врз носителите на законодавната власт.
За реализација на оваа активност е ангажиран Драго Кос, меѓународен експерт за антикорупција.
Државната комисија за спречување на корупцијата во партнерство со Сојузното биро за администрација на СР Германија, од јули 2014 година започна со реализација на двегодишниот ИПА Твининг проект „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата”.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието расправа за измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје