Во Собранието продолженија на четири седници и заседание на две комисии
Во Собранието за денеска се закажани продолженија на четири седници и тоа 29, 30, 34 и 36. седница. Во 12 часот е закажано продолжението на 29. седница на чиј дневен ред се останати уште пет предлог законски решенија.
Меѓу предлог-законите е и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта, по скратена постапка, поднесен од Бастри Бајрами, Кастриот Реџепи, Биљал Касами, Фадил Зендели, Сурија Рашиди, Илире Даути, Артина Ќазими, Зиадин Села, Халил Снопче, Абдула Салиу, Сафије Садики Шаини.
Во 12 и 10 часот е закажано продолжение на 30. седница, на чиј дневен ред се останати уште три предлог законски решенија, меѓу кои Предлог на закон за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија, по скратена постапка.
По 30. седница, закажана е 34-тата, на која една од точките е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка, и пет предлог-законски решенија во прво читање. На седницата е и Информацијата за нацрт Концепција за основно образование поднесена од група пратеници. По 34. седница, закажано е продолжение и на 36-тата.
За денеска се закажани и седници на собрниската Комисија за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.
Ново на Сител
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите
-
Седуммесечно бебе паднало од импровизиран кревет
-
Центар за рангирање на светски универзитети: УКИМ година дена не бележи никаков напредок
-
Структурни реформи веднаш, за поголем економски раст
-
Македонците најмногу трошат на „Букинг“, а најмногу купуваат на „АлиЕкспрес“