Во Собранието продолженија на 97-та, 94-та и 91-та седница
Во Собранието на Република Северна Македонија за денеска се закажани продолженијата на 91-та, 94-та и 97-та седница.
На дневен ред на 97-та седница се Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Законот за инспекциски надзор, сите во трето читање.
Пред пратениците на продолжението на 94-та седница ќе се најдат Законот за изменување и дополнување на Законот за субвенционирање на станбен кредит, Законот за задолжување на Републикава со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан, како и Закон за дополнување на Законот за служба во АРМ.
На дневен ред на 91-та седница, меѓу другите точки се и Предлог на законот за бесплатна правна помош, по скратена постапка, Предлог на законот за дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување во прво читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за субвенционирање на станбен кредит во прво читање, како и Предлог на национална програма за железничка инфраструктура за периодот од 2019 – 2021.
Ново на Сител
-
Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел
-
Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотен затвор за Васил
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник