Во Собранието продолжение на 91 седница
Собранието денеска, во 12 часот, ќе ја продолжи расправата по 91-вата седница, на чии дневен ред е и Извештај на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2022 година. На дневен ред се и неколку предлог-ратификации, потоа предлог-финансиски планови на Регулаторната комисија за енергетика и на МРТ за 2023 година.
Една од точките по кои треба да расправаат пратениците е и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка и Предлог на закон за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата, во прво читање.
Во Собранието во 10 часот е предвидена проштална средба на полскиот амбасадор Војциех Тицињски со претседателот Талат Џафери.
Во посета на Парламентот се очекува и Делегација од израелскиот Кнесет, која во 14:30 часот ќе се сретне со претседателот Џафери, а во 15:20 часот со пратеничката Рашела Мизрахи, претседател на пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на државата Израел и членовите.
Ново на Сител
-

Нов американски напад врз брод во Карипско Море, при што загинаа три лица
-

За шест часа собрани средствата за лекување на малата Ана
-

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради Задушница
-

Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа што може да се случи
-

Денеска православните христијани го празнуваат Светиот маченик Трифун
-

Во Адис Абеба почнува 39. Самит на Африканската Унија
-

Задушница - спомен за починатите
