Во Собранието продложение на 50-та седница
Во Собранието денеска во 12 часот продолжува расправата по 50-та седница, чиј дневен ред се уште не е утврден. Седницата вчера беше прекината поради напуштањето на салата од страна пратениците од опозицијата, кои бараа пред пратениците да се најдат оставките на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, за да бидат констатирани од законодавниот дом.
На 50-тата седница, на дневен ред се четириесетина закони во прво и во второ читање, одлуки, автентични толкувања и годишни извештаи.
Пратениците треба да гласаат за предлог одлуки за испраќање на војници на Армијата за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, Република Либан и „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република, како и неколку закони во второ читање од областа на животната средина како предлог на закон за управување со отпадот, Предлог на закон за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, дополнување на предлог на закон за управување со пакување и отпад од пакување и Дополнет предлог на закон за управување со дополнителни текови на отпад.
Ново на Сител
-

Забрана за камиони и автобуси на патот Тетово-Попова Шапка
-

Денес се празнува Сретение Господово
-

Во Пожаране за 24 часа 48 литри дожд, во Тетово 45, во Лазарополе 33
-

Американците понудиле безбедносни гаранции за Украина, Зеленски не е задоволен
-

Техеран: Иран е подготвен да разговара за компромиси за нуклеарната програма
-

Марко Рубио оствари средба со министрите од Г7 за конфликтите што го загрозуваат светскиот мир
-

Одрон на патот Кичево-Гостивар кај Колари, на Лисец-Попова Шапка забрана за автобуси и камиони
-

Повремени врнежи од дожд, локално пообилни
